ЖивотУбави совети

Што би сакале мажите почесто да прават нивните сопруги?

Спротивно на популарното верување, не е само секс и комплименти на негова сметка, она што мажот би сакал да го добие од сопругата.

Иако нема сомнеж дека секој од нив би сакал да добие пофални зборови од сопругата и ужива во нејзината се почеста иницијатива за во кревет со насмевка на лицето, сепак има уште некои работи во целата приказна.

Хм, кои се тие работи? Ги замоливме мажите отворено да ни кажат што би сакале нивните сопруги да прават почесто, а одговорите ви ги пренесуваме во продолжение. Ќе бидете пријатно изненадени од нивната несебичност.

Да излегувате почесто со своите пријателки

Иако за него нема поголемо задоволство од тоа да ја гледа омилената серија со вас во петок навечер, тој навистина сака да одвоите време за себе. Зошто? Едноставно е, всушност, затоа што како што треба одвреме-навреме да се сретнува со своите пријатели и да има машка вечер, знае дека нешто такво би ви одговарало и вам.

Да почнете да пеете или танцувате без конкретна причина

Мажите чувствуваат големо олеснување кога жените со кои го делат животот понекогаш ја покажуваат својата забавна страна на личноста. Иако вашиот сопруг знае дека сте оптоварени со домашни работи, деца, работа и се друго што секојдневно се подразбира како мајка-жена-кралица, повеќе од се сака да ве гледа како наоѓате начин да бидете детинести и весели… Кога танцувате сред дневна соба, без музика и без причина, тој добива јасен доказ дека се оженил со жената од соништата.

Да им дозволите да бидат чувствителни и ранливи пред вас

До неодамна, на мажите ширум светот не им беше лесно да ја прифатат својата понежна страна на личноста. Во нашето општество мажите уште од мали се учат дека плачењето е за слабите, како и зборувањето за чувствата. „Само жените прават такво нешто“ е слоганот со кој растат многу мажи, кои всушност само сакаат да ја потпрат главата во вашиот скут и да ви кажат што ги мачи.

Од време на време да си дозволите одмор еден од друг

Да се ​​биде во брак навистина знае да оптоваи поединец, особено ако само на тоа се сведува секојдневието. Како што на жените им требаат своите пријателки, така и на мажите им треба малку време вонбрачно. Без разлика дали станува збор за излегување со момци, одење на натпревар, одење во теретана или нешто друго, важно е да бидете сигурни дека вашиот сопруг не се чувствува виновен што не сте заедно нон-стоп.

Поврзани статии

Back to top button