Убави книги и филмови

Три супер интересни книги кои вредат да бидат прочитани!

Секогаш имајте време за себе и за добра, интересна и поучна книга. Колку повеќе читате толку побогат фонд на зборови ќе имате. Колку повеќе читате толку полесен живот ќе живеете!

Тие што се сакани (Викторија Хислоп) Чудесниот роман на Викторија Хислоп е сместен во времето на германската окупација на Грција, потоа граѓанската војна, по штo доаѓа и воената диктатура, настани што оставија длабоки лузни на таа почва.
Атина, 1941 година. По неколку децении политичка независност, Грција е поделена на левица и на десница токму во моментот кога ја окупираат Германците. Петнаесетгодишната Темис потекнува од семејство што е поделено од политичките разлики. Нацистичката окупација го продлабочува јазот меѓу тие што ги сака, исто како што ја разорува и целата Грција. Таа е сведок на тоа како нејзините пријатели умираат од глад и сѐ што гледа ја наведува да даде некаков отпор.
За време на граѓанската војна што доаѓа по завршувањето на окупацијата, Темис ѝ се придружува на комунистичката војска и тука доживува голема љубов и голема омраза, исто како парадоксите што изобилуваат во војната во која Грк се бори против Грк. Прогонета на островите, Темис запознава една затвореничка, чијшто живот се испреплетува со нејзиниот на начин на кој никако не можела да предвиди…
Овој моќен роман го осветлува сложеното и трауматско грчко минато и го вткајува во епската приказна за обичната жена, која била принудена да проживее исклучително необичен живот.

Солзите на Афродита (Хана Филдинг) Во најновиот роман на Хана Филдинг, млада жена- археолог патува на далечниот остров Хелиос, каде што се заплеткува во мрежата на мрачна опсесија, таинственост и на заведување.
Во античка Грција, една од дванаесетте мачни задачи на Херкул била да го врати златното јаболко од Градината на хесперидите. Тоа што добива можност да стане дел од тимот грчки нуркачи на островот Хелиос, на археологот Ориел Андерсон ѝ се чини како да го освоила златното јаболко на нејзините сништа.
Но, нејзиниот сон се претвора во кошмар кога наидува на Дамјан Теодоракис, човек со ѓаволски карактер и сопственик на островот: во шокот од препознавањето, ја преплавува сеќавање на една романтична ноќ што шест месеци претходно ја поминала во прегратките на туѓинец.
Сега пред неа стои еден многу поинаков човек: Ориел насетува дека зајадливиот грчки автократ по секоја цена е решен да се игра мачка и глушец со неа.
Тие двајца влегуваат во меѓусебни пресметки, страстите растат, а Ориел станува свесна дека од сенките наоколу ја набљудуваат злонамерни очи. За семејството Теодоракис со шепот се раскажуваат мрачни приказни. Какви сè опасности се кријат на Хелиос, волшебна земја каде што до денешен ден се изведуваат древни ритуали за да се задоволат боговите, каде што млади мажи си го ризикуваат животот во опасните длабочини на Јонско Море, каде што во секој момент може да еруптира нестабилната површина?
Ќе ги најде ли Ориел скриените богатства по кои трага?
Или, пак, ќе ги стаса трагичното минато на Дамјан, кое се заканува дека ќе ги повлече и двајцата на дно?

Нејзиното име АЈЛИН (Ајше Кулин) Ова е книга за вистинската и бурна животна приказана на Ајлин Девримел.. Ќе ви откриеме само малку. Ајлин била мажена четири пати, и тоа дури и за либиски принц и станала принцеза. Завршила медицина и станала многу познат психијатар. А откако и здодеало се, станува офицер на американската војска со чин полковник..

 

Поврзани статии

Back to top button