Како да го импресионирате со тоа што едноставно сте свои?
Жените и мажите размислуваат поинаку.
Кога ви се допаѓа маж, вашата мисија станува да го привлечете неговото внимание кон себе. Од друга страна, мажите размислуваат во насока – како да ја освојам? Тоа е кога размислувате малку подобро, истата игра, со истите играчи, но секој игра на свој начин. Можеби сте забележале дека некои жени подобро привлекуваат мажи, додека вие се мачите воопшто да бидете забележани.
Сепак, полесно е да импресионирате некого со својот изглед отколку што мислите. Уште повеќе, можете да го импресионирате и да го направите ваш засекогаш, едноставно со тоа што ќе бидете свои, единствени и неповторливи. Ви подготвивме совети кои изгледаат лесни, остварливи, банални, но пред се ефективни. Тие ќе ве сместат на многу повисока скала од другите жени во вашата околина.
Имајте свој живот, исполнет живот – Размислете за тоа: ако го живеете животот во потполност, кога не е во ваша близина, ќе имате уште многу интересни приказни за раскажување. Нема сомнеж дека секој маж ќе ја цени независната и успешна жена, а не онаа што треба да ја влече како приколка. Такво нешто не само што ве прави попривлечни, туку и го симнува притисокот од него. Човекот може да се чувствува како да е во кафез ако тој е вашето единствено друштво, поддршка и некој на кого му се обраќате за совет. Затоа исполнете го животот со интересни работи и луѓе.
Овозможете му да се дружи со своите пријатели – На секој маж му треба време поминато со машките пријатели. Меѓутоа, кога жената е заљубена, таа сака мажот да го поминува целото време само со неа. Не е ни свесна дека тогаш го гуши. Треба малку да му недостига, а таа да се запраша „каде се моите пријатели, дали се чувствуваат запоставено?“. Ако сте жена која го поттикнува својот маж да се дружи со неговите пријатели, ќе бидете непроценливо богатство во неговите очи.
Најдете своја страст и бидете добри во неа – Вистината нема да ви ја разубавиме – секој од нас е импресиониран од личност која е добра во нешто. Без разлика дали е маж или жена, ако тој или таа ја живее нивната страст, тоа е нешто што ги прави неодоливи. Ако ја сакате фотографијата и навистина го правите тоа со целото ваше срце, тој тоа ќе го забележи. Истото важи и за вашите квалитети на пишување, талент во форма на свирење инструмент или вештина во спортот.
Јавно покажете ја својата приврзаност кон него – Потребна е храброст да се направи вакво нешто, но дали сакате тој да ве смета за кукавица? Мажот е неописливо среќен кога жената е доволно храбра да покаже наклонетост во јавноста. Никој не бара од вас да го задевате од сите страни, туку да бидете доволно суптилни да му пријдете, да го допрете и да му покажете дека ви се допаѓа.
Смејте се на своја сметка – Целата тајна на успехот во заведувањето и освојувањето на спротивниот пол лежи во тоа да знаете да се насмеете на своја сметка. Добрата смисла за хумор е онаа која секогаш ќе ве натера да се истакнете во толпата. Ова е всушност еден од најстарите трикови кои се користат за рушење на сите бариери. Жена која знае да прифати добра шега, се насмевнува од срце и прави другите околу неа да се чувствуваат позитивно и повеќе од привлечно. Освен тоа, оваа особина ви дава можност да му дозволите да ве импресионира, заведе и освојува. Сега веројатно разбирате што беше кажано на почетокот, дека всушност сето тоа е истата игра.