ЖивотУбави совети

Ова е најмодерната боја на коса за зимската сезона

Има многу трендови за боја на косата и веројатно сте малку збунети бидејќи не можете да одлучите кој да го усвоите и кој најмногу ви одговара.

Ако сакате бојата на косата да ви биде шармантна, елегантна и малку посебна, престанете да барате нови нијанси за коса бидејќи колористите се согласиле и одлучиле најмодерна нијанса оваа зима да биде „Orange blossom“.

Оваа нијанса помеѓу црвена и бакарна боја, е интензивна и погодна за дами со светла боја на кожа. Ако ја изберете оваа нијанса, едно е сигурно – нема да останете незабележани.

Ако имате темна коса, ќе мора да бидете трпеливи бидејќи ќе ви требаат повеќе од една посета на вашиот фризер за да ја добиете оваа совршена боја. Ако имате светло кафена или руса коса, тогаш полесно ќе ја постигнете оваа нијанса. Нема причина за одложување. Со оваа нијанса на коса ќе изгледате како самовила дури и ако немате многу долга коса.

Поврзани статии

Back to top button