Од насУбави муабети

Немирите во срцето се гост…

Пречек

На бессоницата умората е траг,
исчекувањето со немир ја преполнило.
Па сепак, окото и увото се праг
на надежта, што она ја засолнила
од сомненијата – тој тиок, злобен враг.
Приквелерината ја чувствува ко лост
што треба долго да го крева сама.
Немирите во срцето се гост
а ноќта – бескрајна и штура штама.
Не, таа ноќ ќе биде само мост
по кој ќе мине чекор задаржан, жив,
по кој ќе мине надеж долго чувана,
да сретне сјај во денот смолкнат, сив,
да сретне радост толку очекувана
и… Него, меѓу нив.

Гане Тодоровски

Поврзани статии

Back to top button