Рецепт за убав ден на Кристијан Станковски
Денес со Вас во рубриката “Рецепт за убав ден“ се дружи Кристијан Станковски. Дечкото кој привлече огромно внимание на социјалните мрежи со својата креативност и уникатност. Пишуваше супер мотивациони и креативни пораки на картони, па неодамна ја напиша и својата прва книга “Живот“.
Мојот рецепт за убав ден? Хмм…Секогаш е различен како и храната што ја конзумираме различн секој ден, да не ни стане монотона. Инаку во принцип станувам ги завршувам сите обавези но без брзање, макар некој ме почекал 5,10,20 минути. Не сакам тензија, стресови, брзање… Не добивам ништо од тоа. Така да од како ќе ги завршам обавезите, седнувам да испијам едно кафе на раат. Најубаво ми е кога го пијам сам, но не ми смета да има и друштво само не многу луѓе, 2-3 максимум. Потоа се прибирам дома јадам, одмарам и секогаш накај 5,6 зависно од периодот во годината, одам на Вардар или пак на видиковец на водно на железната платформа (но таму поретко) и се исклучувам од се. Ги слушам звуците од водата и гледам во неа, мозокот на пасење ми е така час, час и половина. Тоа е тоа што ме смирува и ми ја полни енергијата. И тоа е времето што си го посветувам на себе. Вечерта полека доаѓа едно пиво со другарите, муабет рандом и време е за во кревет. 22:30 или 23 часот е времето за спиење. Можеби некој филм, но ретко се случува. За мене ова е рецептот за убав ден, се во границите на нормалата и се да биде со баланс.