Синдром на нервозно дебело црево: 4 симптоми што треба да се препознаат
Синдромот на нервозно дебело црево го погодува секој петти човек во нашата земја, и бидејќи повеќето пациенти се срамат од проблемот, ретко кој бара медицинска помош.
Овој синдром е проследен со многу симптоми, и иако тие се разликуваат од личност до личност, постојат некои кои се најчести. Подолу откриваме како да го препознаете синдромот на нерозно дебело црево кај себе.
Синдром на нервозно дебело црево – главните симптоми
Болки во стомакот – Според истражувањата, ова е најчестиот симптом. Луѓето со овој синдром чувствуваат болка во долниот дел на стомакот, која се влошува после оброк, а се намалува по движењето на дебелото црево. За да се намали болката, лекарите го земаат предвид интензитетот на болката, како и тоа како таа влијае на секојдневните активности. Покрај лекови, се препорачува и промена во исхраната (избегнување јаглени хидрати, мешунки, слатки).
Надуеност и гасови – Синдромот на нервозно дебело црево може да се рефлектира во надуеност и гасови. И ова се решава со промена на начинот на исхрана. Се советува, доколку ги имате овие симптоми, избегнувајте храна како грав, зелка, брокула и грозје. Исто така, намалете го внесот на јаглени хидрати, како и алкохолни пијалоци.
Дијареа – Дијареа во случај на нервозно дебело цребо е празнење на дебелото црево најмалку три пати на ден. Притоа, столицата е водена. Во овој случај, проблемот се третира со лекови, како и промена во исхраната. Најчесто, дијареата е предизвикана од лактоза и глутен, па затоа е препорачливо да се избегнува таква храна.
Запек – Постојат различни видови на нервозно дебело црево, врз основа на самото движење на дебелото црево. Покрај дијареа, овој синдром може да се манифестира и со тврда столица, што е најчестиот симптом. За да се ублажи овој проблем, лекарите советуваат да се смени начинот на исхрана, да се консумира повеќе пробиотичка храна, да се има поквалитетен сон, да се избегнува алкохол и да се има редовна физичка активност.
Како знаеме дека нервозно дебело црево ги предизвикува овие симптоми?
Адбоминалната болка е клучен фактор за детектирање на оваа дијагноза. Покрај тоа, најчесто се случуваат промени во движењето на дебелото црево, како и во изгледот на столицата.
Општо земено, симптомите траат најмалку шест месеци пред пациентите да повикаат помош.
Важно е да се напомене дека третманот на секој пациент е индивидуален и дека ќе треба време додека не се утврди точната терапија.