Психолог – Ангелина Василевска: Не ја губи својата индивидуалност во толпата
Не ја губи својата индивидуалност во толпата
Секој човек е единствен. Не постои ниту еден кој е стопроцентно ист со друг. Затоа и се разликуваме. Тоа не прави посебни индивидуи, Не издвојува одд останатите. Според мене тоа е божји дар, бидејќи секој човек си поседува свои квалитети и доблести, свои негативности и недостатоци. И покрај сите овие разлики, луѓето се стремат да следат
одредена личност, да ги следат одредени примери, стил на облекување, ставовови, идеологија и сл. На тој начин секој поединец добива идол. Станува дел од толпата без свој личен профил на
личност. Копија на идолот. Зошто мора да е така? Секогаш трудете се да бидете индивидуални. Имајте свој стил на живот, мислење, став,
имиџ, едноставно бидете свои. Секако дека можете да имате свој репер според кој би се ориентирале низ животот, би го почитувале, би ги следеле неговите совети, меѓутоа никогаш не го губете сопственото јас. Бидете своја личност која не се плаши да биде различна од другите. Да има поинакво мислење, поинаков стил на облекување, поинакви амбиции од останатите. Бидејќи за да биде твојата сопствената личност во склоп со твоите ставови и желби најважно е себепочитувањето и себевреднувањето. А тоа се најскапите вредности за секоја индивидуа.
Психолог Ангелина Василевска