Дали е можно да се намали телесната тежина со помош на лук? Да, ако следите едно правило!
Лукот е исклучително здрав за телото, а може да помогне и при вишокот килограми.
Лукот е еден од најсилните природни антибиотици што се користи во народната медицина уште од античко време. Го зајакнува имунитетот, го намалува крвниот притисок и на тој начин ги штити крвните садови од оштетување.
Покрај тоа, лукот помага и при херпеси, и се покажал како одлична превентива против разни вируси и бактерии.
Неговите состојки исто така можат да помогнат доколку имате проблеми со вишок килограми. Имено, лукот го стимулира метаболизмот и му помага на телото побрзо да согорува калории во процес наречен термогенеза.
Покрај тоа, дури и мирисот на лук може да го реши вашиот „глад“ – ќе предизвика чувство на ситост, како резултат на што ќе јадете помалку храна.
Ако сакате да се обидете да изгубите тежина со помош на лук, важно е да ја намалите исхраната за почеток, и пред секој здрав оброк, се препорачува да јадете чешне свеж лук.
Меѓутоа, ако имате чувствителен стомак, сварете го лукот или изедете го откако претходно сте го исекле и оставиле да отстои околу петнаесет минути.