Колку пати во ден треба да го миете лицето?
Од појавата на корона вирусот, се повеќе се зборува за миење раце, но не заборавајте да го миете лицето редовно, бидејќи токму лицето е најмногу изложено на надворешни влијанија.
Иако општо правило е да се мие двапати дневно, тоа зависи од типот на кожата.
На луѓето со мрсна кожа и проблеми со акни им се препорачува да го мијат лицето три пати на ден. За оние кои имаат сува кожа – двапати.
Но, за време на пандемија, ако сте биле надвор, кога ги миете рацете, не заборавајте да го измиете и лицето. Експертите препорачуваат благи производи за лице, бидејќи миењето го отстранува површинскиот слој на кожата и дел од природната маст што кожата ја произведува со цел да се заштити. По миењето, нахранете го лицето со хидратантна крема, бидејќи честото миење и бришење ја суши кожата, што предизвикува брчки.