ЖивотУбави совети
Дали сте за здрави вегански крофни?
Кој рече дека крофните не можат да бидат вкусни и здрави во исто време? Подолу ви претставуваме еден одличен рецепт за неодоливи вегански крофни, кој секој ќе го обожава.
Најдоброто нешто, покрај едноставната подготовка, е што овие крофни не содржат глутен или млеко, па затоа се погодни и за луѓе со нетолеранција кон оваа храна.
Потребни состојки:
1/4 чаша растително млеко по желба (кокосово, бадемово…)
1 лажица јаболков оцет
1/2 лажица екстракт од ванила
3 1/2 лажици маслиново масло или путер од кикирики
1 чаша брашно
1 лажица прашок за пециво
1/3 лажица сол
Подготовка:
- Измешајте ги првите 5 состојки.
- Вклучете ја рерната на 190 степени.
- Додадете ги преостанатите состојки и мешајте додека не добиете густа смеса. Оставете го тестото да „одмори“ пет минути.
- Истурете ја смесата во мини калап за мафини и печете во рерна додека не поруменат.
- Извадете ги од рерната и посипете ги со кокос или шеќер или чоколаден прелив.