Рецепт за убав денУбави луѓе
Рецепт за убав ден на Јован Илиески
Денеска со вас својот рецепт за убав ден го споделува успешниот млад писател Јован Илиески. Неговите дела се книги кои треба да ги има во секој дом.
Мојот рецепт за убав ден е потсетникот дека животот е доволно убав сам по себе, дури и кога е најтешко. Дури кога човек ќе удри на дното, мора да го слави животот и мора да му се радува. Тајната за заглавена насмевка секој ден е во тоа што ја прифаќам и тагата како дел од мене и успешно живеам со сите мои страни. Не барајте светла точка во тунелот, научете се дека и темнината има своја убавина, инаку, неправедни сме кон неправдите на животот.
Клучот е да се однесувам со денот така како што очекувам тој да се однесува со мене. Огледало!
И секогаш одговорот ќе биде ист.