Од насУбави муабети

Имај убав човек крај себе, за да научиш ист да бидеш!

Убав Човек,
Сѐ можеш да го научиш
или да го натераш
Да јаде помалку
Пократко да спие
Да живее во мала соба
Да преживува на студови
Да работи на пеколни горештини
Убав Човек,
не можеш да го научиш
или да го натераш
да не љуби
На Убав човек
не можеш да му ја земеш мислата
која живее на небесната шир
Може помалку да спие,
ама сонот не можеш
да му го украдеш
Можеш на студови да го врзеш
ама душата топла ќе му остане
Можеш на горештини да го врзеш
ама него главата ладна ќе му остане
за убавата мисла да не ја стопи
Можеш храна да не му даваш
ама тој од добрината своја
сит ќе биде,
а ти алчен ќе останеш
за неговата добрина.
Затоа имај убав човек крај себе,
за да научиш ист да бидеш,
и ти некому таков да му си
за тој од тебе да учи.

Марко Виденовиќ

Поврзани статии

Back to top button