ЖивотУбави совети

Лазаревиќ: Стручни совети за кадрава коса!

Сите кои имаат виткана коса знаат дека е многу потешко да се одржуваат кадриците отколку што изгледа на прв поглед. Кадриците се непредвидливи и тешко се контролираат, а има денови кога се едноставно безживотни и без каква било форма, велат од фризерско студио Лазаревиќ.

Покрај сето тоа, витканата коса обично е малку посува, особено на краевите, затоа бара посебна грижа. Наоѓањето идеална рутина, производ и самата фризура може да биде тежок и одзема многу време, но кога правилно ја третирате витканата коса, тогаш изгледа здраво, силно и сјајно. Подолу, ги откриваме најважните трикови за тоа како да ги стилизирате и негувате вашите кадрици.

Нега на кадрава коса: Трикови и совети од стручниот тим на фризерско студио Лазаревиќ:

Чешлање

Кадравата коса треба да се четка од долу па нагоре кон коренот. Препорачливо е да користите дрвени чешли со што е можно поголемо растојание. Нежно чешелање дел по дел без кубење и ненадејни движења.

Редовно шишање

Редовно скратувајте ги краевите за да спречите „цветање“ на косата. Оштетената коса никогаш не изгледа добро, особено кога станува збор за виткана коса. Ако копнеете по бујни, дефинирани и здрави кадрици, дојдете кај нас во фризерско студио Лазаревиќ на шишање на секои пет до седум недели.

Нахранете ги кадрици!

Денес има многу производи за кадрици на пазарот, а ние во фризерско студио Лазаревиќ имаме голема палета на производи за дохрана и нега кои ќе ви бидат од помош за домашна стилизација. На кадрици им е потребна дополнителна нега, бидејќи витканата коса е претежно сува.

Закажете си термин и добијте гратис стручен совет за домашна секојдневна нега на телефонскиот број 079 206 306.

Поврзани статии

Back to top button