За што се може да го искористите талогот од кафето?
Како што се испостави, една чаша од омиленото утринско кафе носи со себе многу повеќе позитивни страни од едноставниот факт дека ве буди наутро.
Ако кафето ви е омилен утрински пијалок, веројатно барем еднаш сте размислиле дали е можно некако да се искористи неговиот талог. Во следните редови откриваме неверојатни начини на користење талог од кафе, кои ќе ве натераат да го сакате овој црн пијалок уште повеќе.
Пилинг за тело – Можете да користите талог од кафе за да направите луксузен пилинг за тело што ќе ја направи вашата кожа свиленкаста, мазна и сјајна. Сè што ви треба е талог од кафе, 1/4 чаша маслиново или кокосово масло, како и малку рендана кора од лимон. Оваа мешавина многу ефикасно ќе ги отстрани сите мртви клетки на кожата од вашето тело, ќе го зголеми протокот на крв во вашето тело и ќе ја направи кожата поцврста.
Дохрана – Можете да го користите целиот талог од дното на испиената чаша кафе за да направите дохрана за вашата градина. Талогот од кафе е одличен начин да се додаде во саксиите со цвеќе или во дворот каде што се засадени зеленчук или овошје, оти талогот содржи состојки што им се потребни на растенијата.
За раст и против опаѓање на косата – Треба само да нанесете талог од кафе на горниот дел од главата и нежно да масирате со кружни движења на рацете. Кофеинот од кафето го стимулира растот на косата и спречува опаѓање на косата, и ја прави косата силна и сјајна.
Отстранување на непријатен мирис – Наместо сода бикарбона, која традиционално се користи за отстранување на непријатни мириси, можете да користите талогот од кафе кој ќе ги отстрани сите преостанати мириси од вашиот фрижидер, гардеробер или мијалник.