Зошто жените не смеат да јадат секој ден јајца?
Жените што секој ден јадат јајца имаат поголем ризик од смрт отколку другите жени на нивна возраст, покажале истражувањата на јапонските научници.
Истражувањето на научниците од Универзитетот во Кјото траело 14 години, а во него учествувале 9.300 мажи и жени кај кои бил следен внесот на одреден вид храна.
Утврдено е дека жените што секој ден јаделе по едно јајце, во однос на жените кои јаделе само 1 или 2 јајца неделно, имале за 22% поголем ризик дека ќе умрат од било која причина. На зголемувањето на ризикот не влијаеле факторите како возраста или телесната тежина, односно пушењето. Уште поголем ризик бил забележан кај жени кои консумирале 2 или повеќе јајца во текот на денот. Жените што почесто јаделе јајца иламе и зголемен ризик дека ќе умрат од болести на срцето или од мозочен удар.
Добиените резултати научниците ги објасниле со високото ниво на холестерол во јајцата и додаваат дека само едно јајце содржи 2/3 од препорачаниот дневен внес на холестерол за едно возрасно лице.
Кај машките испитаници не е утврдена никава врска меѓу консумирањето јајца и зголемениот ризик од рана смрт.