Колач со круши во кој ќе ужива целото семејство!
Ви се јаде нешто слатко? Ние имаме супер вкусен рецепт за колач со круши за вас.
Потребни состојки: 120гр чоколадо, 120гр путер, 4 јајаца, 1 пакување ванилин шеќер, рендана кора од еден портокал, 140гр скроб од компири, 100гр јогурт, 100гр ореви, 4 круши, 1/2 пакување прашок за печиво, сол, 10-тина ореви за декорирање и шеќер во прав.
Подготовка: Искршете го чоколадото и ставете го во еден сад заедно со путерот. Садот ставете го во поголем сад со вода, па ставете го на оган да се растопи чоколадото, Изматете ги јајцата со малку сол, па додајте го шеќерот и матете се додека не добиете хомогена смеса. Додајте ја смесата од чоколадо, па мешајте ја. Потоа додајте 120гр скроб, ванилин шеќер и прашок за печиво, не престанувајќи со мешање. На крајот додајте ги јогуртот, кората од портокал и исечканите ореви. Крушите исечете ги на половина по должина и посипете ги со останатиот скроб. Сипете половина од семата со чоколадо во тава со димензии 15×22 цм, која предходно сте ја избришале и намастиле. Врз неа распоредете ги крушите и прелијте ги со останатата смеса. На површината распоредете ги целите ореви. Печете го колачот на 180 степени околу 35 минути. Оставете го да се олади, па посипете го со шеќерпт во прав и сервирајте го исечен на коцки.