ЖивотУбави совети

Вкусна идеја за денешниот ручек!

За денес подгответе вкусни посни ќофтиња од ориз со зеленчук.

Потребни состојки: 650гр ориз, 2 тиквички, 2 млади кромитчиња, 1 модар патлиџан, путер, масло, сол и црн пипер.

Подготовка: Исчистете ги модриот патлиџан и тиквичките, па исечкајте ги на тркалца, односно парчиња. Ставете ги во еден сад и полијте ги со масло. Потоа на зеленчукот додадете го исечканиот кромид. Загрејте вог тава и на неа распоредете ги сите парчиња зеленчук. Посолете ги, попиперете ги. Сварете го оризот со малку шафран, исцедете го и оставете го да се олади. Потоа од него направете 12 ќофтиња и пржете ги на загреана тава на загреан путер. сервирајте ги ќофтињата врз печениот зеленук.

Поврзани статии

Back to top button