Од васУбави муабети
Помеѓу лудилото и свесноста…
Сакам да речам – Те сакам.
А малку е.
Што се зборовите?
Трошки само.
Да нѐ нахранат кога ни е гладно срцето.
Да нѐ успокојат, кога ни е кревка душата.
Да нѐ кренат до небо…
И да нѐ пуштат во слободен пад.
А јас?
Те живеам.
Помеѓу лудилото и свесноста.
Помеѓу сега…и вечноста.
Маја Спасовска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk