Тој е најдобриот сопруг според хороскопот
Секој човек има свои доблести и маани што го прават единствен, но експертите од областа на астрологијата сметаат дека положбата на планетите и хороскопскиот знак имаат влијание и врз карактерот на човекот.
Затоа, според хороскопот, може да се издвои еден знак кој ако го изберете за сопруг, никогаш нема да ве изневери.
Како сопруг, Бикот ги има најдобрите квалитети од сите знаци во хороскопот.
Тој е нежен, добродушен и верен. Никогаш нема да ги занемари својот дом и семејството за кој било друг интерес. Овој човек ги обожава својата сопруга и децата и работи исклучително напорно за да им ги обезбеди најдобрите услови за живот, образование, облека и забава што ги нуди светот.
Овој тип на маж обично ќе се ожени со девојка која е во подобра материјална и социјална положба од него, бидејќи тој е воден од амбицијата да успее и да се пресели во повисоките општествени кругови.
Венера му дава исклучително чувство за убавина, што придонесува Бикот секогаш да бара убава и згодна жена за себе. Тие сакаат другите да зависат од нив и сакаат да чувствуваат дека обезбедуваат сè за своите жени и деца. Откако ќе се ожени, тешко е да се разведе.