ЖивотУбави совети
Италијански рецепт за погача со компири кој ќе ве воодушеви
Ова е еден бисер од неаполската кујна што се подготвува од посебно тесто.
За 6 лица подгответе тесто од 400гр брашно и 120гр компири (предходно сварени, излупени и испасирани). Додајте малку сол, 20гр квасец (растопен во малку вода), и уште малку вода доколку е потребно ако е тестото многу густо.
Потоа, оставете го да отстои еден час покриено со крпа. Поделете го на 6 дела и расукајте 6 кругови, со дебелина од половина сантиметар. Распоредете ги на намастена тава и филувајте ги по сопствен вкус (сите филови за пица одговараат). Печете ги на 180 степени околу половина час.