Вкусна идеја за денешниот ручек
Не знаете што да подготвите денес за ручек? Ние имаме супер интересна, брза, здрава и вкусна идеја за вас – зелено рижото со горгонзола.
Потребни состојки: 320гр ориз, 2 главици кромид, 40гр путер, грст спанаќ, супа од зеленчук, 80гр горгонзола, рендан пармезан и сол.
Подготовка: Излупете го и исечкајте го кромидот. Пропржете го на путер. Додајте ги листовите спанаќ, кои сте ги измиле и исечкале на покрупни резанки. Пропржете ги па додадете го оризот. Мешајте ги неколку минути со дрвена лажица, полијте ги со неколку црпалки зеленчукова супа и постојано мешајќи сварете го оризот. Додавајте супа ако е потребно. Една минута пред да се тргне од оган посолете го и додадете ја горгонзолата исечена на парчиња и намалете ја температурата. Тргнете го оризот од оган, префрлете го во чинија за сервирање, посипете го со рендан пармезан и оставете го да отстои неколку минути пред да го послужите.