Нови вести за фолната киселина
заводот за јавно здравје во канада неодамна објави податок како со збогатувањето на житарките со фолна киселина успеале да ја преполоват појавата на оштетување на нервите кај новороденчињата.
Веќе е познато позитивното дејство на фолната киселина во развојот на нервниот систем (влијае на мозокот и рбетниот мозок) па поради тоа се препорачува земање на фолна киселина и во облик на суплементи, во период на зачетокот на детето.
Во Канада програмата за збогатување на житарки со фолна киселина почнала уште во 1998 година и резултирал со зголемено консумирање фолат за 0.1 – 0,2 мг дневно. Самата програма почнала поради загриженоста на власта од резултатите од истражувањето, кои покажале дека повечето трудници не водат сметка за доволно консумирање фолна киселина.
Во тие 6 години, колку што траела програмата на збогатување на житарките, во чии рамки биле опфатени околу 300.000 трудници, бројот на децата со оштетување на нерви се намалил на половина.
Научниците од Канада им препорачуваат на сите земји да воведат таква програма за доброто на сите следни генерации. Досега во Европа таквата програма почнала да се применува само во Велика Британија.