Социјалните мрежи може лесно да не вратат кај поранешните партнери?
Иако мислиме дека помладите се зависни од социјалните мрежи и ние повозрасните станавме дел од целата таа ФБ и Инстаграм приказна. Социјалните мрежи прават лесно да дојдеме во контакт со луѓе кои не сме ги виделе оддамна.. А тука се и бившите партнери.
Ако размислувате да ја обновите врската со старата љубов, имајте на ум дека треба да ги следите овие 3 правила за таа да биде успешна.
Не размислувајте за минатото. По првичниот ентузијазам што ве натера да се поврзете со поранешниот партнер, не дозволувајте да анализирате премногу грешки од минатото, ниту да размислувате за причините кои довеле до раскинување. Можеби ве изневерил кога сте имале 17 години, но тоа не мора да значи дека ќе го стори истото на 37 години. Можеби бевте премногу млади и не знаевте колку си значите еден на друг..
Не размислувајте во насока – Јас веќе те познавам. Исто како што вие се сменивте после 5, 10, па дури и 15 години откако раскинавте со бившиот, така и тој се сменил и физички и интелектуално. Лесно е да подлегнете на старите обрасци при повторно поврзување со некого, бидејќи сте сигурни дека знаете сè за нив. Дозволете си можност повторно да се запознаете со него. Може пријатно да ве изненади.
Бидете сигурни дека навистина таа врска ја сакате. Пред сериозно да започнете со авантурата за помирување со поранешниот, проверете дали навистина го сакате тоа и дали го правите тоа од вистинските причини. Проценете ја моменталната состојба и запрашајте се дали тој е личноста што ја сакате во вашиот живот. Можеби сте доживеале болен распад, развод или смрт на близок член на семејство и чувствувате дека ви треба некој, но дали тоа е поранешниот?