Декоративен велигденски венец
Потрбни состојки: 500гр брашно, 1 пакетче сув квасец, 75гр шеќер, 1/4 л млеко, јајце со средна големина, 100гр путер, 1 жолчка 2 лажици млеко и 5 тврдо варени јајца.
Подготовка: Измешајте ги брашното, шеќерот и сувиот квасец. Додајте ги млакото млеко, јајцето и омекнатиот путер, па заедно мешајте додека не добиете мазно тесто. Тестото посипете го со тенок слој брашно и прекријте го со крпа. Оставете го да нарасне 60 минути. Уште еднаш измесете го тестото и поделете го на три дела. Секој дел растегнете го до должина од 70 см. Потоа од трите дела завиткајте плетенка. Загрејте ја рерната на 170 степени. На лим обложен со мрсна хартија ставете ја плетенката така што ќе направите венец. Распоредете и втиснете во венецот 5 јајца. Печере го околу 40 минути. Оладете го, декорирајте го со шеќер во прав или со пролетни цветови и послужете го. Нека ја краси празничната трпеза!