ЖивотУбави совети

Појадок, ручек, вечера: Кое е најдоброто време за оброци?

Кога станува збор за исхраната, покрај она што јадеме, важно е и кога јадеме. Размислете: Колку често го одложувате или прескокнувате појадокот? Дали ја прескокнувате вечерата после тренинг? Кој е интервалот помеѓу вашите оброци?

Во текстот подолу, ќе го најдете одговорот на прашањето дали вашите навики во исхраната се здрави или има простор за подобрување.

Појадок: Сè што треба да знаете

  1. Би било идеално да појадувате во рок од 1 час по будењето.
  2. Најдобро време за утрински оброци е 7 часот.
  3. Не го одложувајте појадокот повеќе од 10 часот.
  4. Знајте дека треба да внесете протеини во вашиот појадок.

Ручек: Сè што треба да знаете

  1. Идеално време за ручек е помеѓу 12 и 13 часот.
  2. Интервалот помеѓу појадок и ручек треба да биде 4 часа.
  3. Не го одложувајте ручекот за после 16 часот.

Вечера: Сè што треба да знаете

  1. Најдобро време за вечерни оброци е пред 19 часот.
  2. Интервалот помеѓу вечерниот оброк и одењето во кревет треба да биде 2 до 3 часа најмалце.
  3. Не вечерајте по 21 часот.
  4. Оброк непосредно пред спиење може да го попречи квалитетот на спиењето.

Важно:

  1. Никогаш не тренирајте со празен стомак, но не и со полн.
  2. Идеален оброк пред тренинг е протеински сендвич (со туна или пилешко), протеински шејк, изматени јајца со леб од цели зрна или парче леб со путер од кикирики.

Поврзани статии

Back to top button