Имате болки во стапалата?
Секој што доживеал болка што се протега по должината на стапалото барем еднаш, знае колку е интензивна и може да се случи одеднаш.
Без разлика дали се занимавате со некоја физичка активност, и поминувате повеќе време во движење, или имате неколку часови стоење во описот на вашата работа, болката во стапалата е нешто што не може да се игнорира. Покрај тоа, бидејќи бројот на луѓе кои работат од дома значително се зголеми од минатата година, голем број од нив забележуваат дека – неактивноста исто така придонесува за болка во стапалото.
Можеби сте пробале некои масажи со рацете, топли бањи или користите креми кои ладат како оние за спортски повреди, но тоа не се начини на пронаоѓање на трајно решение.
Нашето внимание го привлече необичен предмет, кој барем изгледа како играчка за домашни миленици. Неговата форма и бодликавите шила кои ги поседува, од друга страна, наликуваат на нешто што може да се користи за зголемување на циркилација. Уште веднаш набавете си топче за масажа.
Постапката за примена на оваа фантастична топка за ублажување на болката во стапалата е крајно едноставна. Треба топчето да го поставите под нозете и да правите движена со стапалото напред и назад. Не треба да носите чорапи за целосно да ги почувствувате ситните „убоди“. Вие додека работите или гледате телевизија можете слободно да го движите топчето од петицата до прстите.
Голем плус на оваа топка за ублажување на болката во стапалата е тоа што од медицинска гледна точка, помага при манипулирање со сврзното ткиво и мускулите на стапалата. Бидејќи имаме над 100 мускули, тетиви и лигаменти во стапалото, шилата на топката помагаат да се ослободи напнатоста, како и да се зголеми протокот на крв во стапалото. Топката со ситни шила ги стимулира местата на акупресурата и тие одговараат на меридијаните на линиите што ослободуваат енергија во другите делови на телото.
На кратко, оваа топка не само што ќе ве ослободи од болка во стапалото, туку ќе го ублажи треперењето што го чувствувате и ќе ја подобри енергијата во вашето тело.