Од насУбави муабети
Доза поезија за убав ден
Осаменост
Ги изгубив собеседниците во себе.
Ликовите на кои бев свикнат
да им се обраќам,
да им доверувам најскришни работи,
да им покажувам колку сум духовит,
колку сум добар,
колку благороден,
готов да разберам сè,
а колку сепак страдам, –
сега вртат глава од мене,
се прават да не ме слушаат,
уште не ми се врекнале,
но јас чувствувам дека им пречам,
им здодевам,
и нашата блискост им станува тешка.
Глуво е во мене како во празна сала.
Немам собеседници.
Блаже Конески