ЖивотУбави совети
Суви домати, млад кромид и сланина – комбинација на која не ќе можете да одолеете!
Подгответе вкусна проја со суви домати и сланина. Иделна идеја за денешниот ручек. Брза и лесна подготовка на пица – проја!
Потребни состојки:
3 јајца
100 гр сирење
50 гр сланина
100 гр суви домати
3 млади кромидчиња
200-250 мл кисела вода
150 гр пченкарно брашно
малку сол
1/2 прашок за пециво
50 мл масло
Сланината исечкајте ја на коцки и пропржете ја, на крајот на пржењето додадете ги сушените домати и исечканиот млад кромид. Уште две минути пропржете се заедно. Изматете ги јајцата, па додадете масло, брашно и прашок за пециво. Додадете го издробеното сирење а потоа и сланината, кромидот и доматите. Се убаво измешајте, да се соедини смесата заедно со киселата вода. На намастен плех печете ја пројата во загреана рерна на 180 степени околу еден час.