Како да го преболите бившиот?
Разделбите никогаш не се лесни.
Без разлика дали конечно сте собрале храброст да раскинете со некој што не е за вас или се разделивте со некој за кого верувавте дека искрено ве сака, ги зеде своите работи и го напушти вашиот живот, тешко е да се прифати фактот дека раскинувањето навистина се случило. Тешко е да се разделите од лицето кое до вчера ви лежеше во скутот и ви кажуваше нежни зборови. Добрата вест е што експертите тврдат дека постои сигурен начин да завршите еднаш засекогаш во вашата глава и срце со поранешниот.
Правилото број 1 е најефикасно – без никаков контакт! Прекинете да контактирате, да се допишувате и да го следите на социјалните мрежи.
Заборавете на средба после раскинувањето. Штом сте одлучиле да се разделите нема логика од повторни средби.
Не размислувајте на разделбата. Едноставно прифатете и помирете се дека се случила, продолжете понатаму. Ништо нема да промените ако постојано размислувате зошто се разделивте, што се случи… Чекор напред ќе направите само ако прифатите дека веќе не сте заедно.
Тоа што ви недостига не е причина да му се јавите. Нормално е да ви недостига, не подлегнувајте на ниски страсти – не го контактирајте.
Ослободете се од предмети кои ве потсетуваат на него. Во кутија тргнете ги сите ситници од станот што ви создаваат главоболка.
Дадете си време само за себе. Не влегувајте одма во нова врска. Уживајте во слободното време и правете работи кои ве релаксираат и радуваат. Читајте, спортувајте..