Неверојатно вкусен, сочен и миризлив!
Имаме совршен десерт за вас – ролат со афион и ореви.
Состојки:
Брашно
Јајца – 3
Шеќер – 1 чашка
Путер – 200 гр
Квасец – 100 гр
Млеко – 1 чашка
Афион – 2 чашки
Ореви – 100 гр
Шеќер – 100 гр
Темно чоколадо – 100 гр
Ролатот со афион и ореви е неверојатно вкусен, сочен и миризлив. Се пече завиткан во хартија за да не нарасне тестото за време на печењето и ролатот добро да ја одржи формата.
Загрејте го млекото, додадете квасец и 3 лажици шеќер. Истурете го брашното на масата, направете дупка во средината, додадете омекнат путер, јајца и истурете го квасецот со млекото. Измешајте го тестото добро и оставете го да стои на топло место.
Прелијте го афионот со воата и шеќерот. Ситно исецкајте ги оревите и измешајте ги со семето од афион. Се расукува тестото дебело 0,5 см, се мачка со стопен путер и се става фил.
Засукајте ја ролната и оставете половина час да нарасне. Печете во рерна 180 степени. Се топи чоколадото и се прелива на оладениот ролат. Посипете со ореви додека чоколадата не е здрвена.