ЖивотУбави совети

Сочна чоколадна фантазија во која уживаат сите сетила

Потребни состојки:
2 јајца
120 гр брашно
1 прашок за пециво
3 лажици какао
200 гр кисело млеко
1 лажичка цимет
1 кесичка инстант кафе во 50 мл вода по желба
100-150 гр шеќер
50 мл маслиново масло
50 гр суво грозје
За прелив:
100 гр чоколадо
1 лажица масло

Подготовка: Изматете ги јајцата со шеќерот, потоа просејте брашно, какао, цимет и прашок за пециво и измешајте малку. Додадете кисело млеко и инстант кафе растворено во топла вода 50 мл. Изматете сè и истурете во плех од 23 см. Одозгора посипете суво грозје и протресете ја тавата да падне малку на средина од тестото.

Печете во загреана рерна на 190 степени околу 40-45 минути. Растопете го чоколадото заедно со маслото на многу тивок оган, а потоа прелијте го колачот и оставете да се излади најмалку 30 минути.

Поврзани статии

Back to top button