Внесете зеленило во домот!
Собните растенија би требало да ги има во секој дом. Разни научни истражувања покажале дека луѓето кои живеат во простор во кој има зеленило се подобро расположени и посреќни за разлика од оние кои живеат во домови во кои нема собни растенија.
Исто така, го подбруваат квалитетот на воздухот во вашиот дом, ќе ви помогнат да ги одморите очите од телевизорите и компјутерите и ги апсорбираат звучните бранови со што ќе ја намалат бучавата во вашиот дом.
Во зависност од просторот со кој распологате можете да одберете различни видови на цвеќиња. За помали простори идеални цвеќиња се чувар – куќата, бонсаите, кактусите, орхидеите, амарлисот, цвеќето на парите, додека во поголем простор може да поставите фикуси, бенџамини, адамово цвеќе, бамбус, лаванда, лимоново дрво итн…
Ви нудиме и неколку идеи како да го декорирате домот со цвеќе. Малечки саксии може да поставите во кујната или на полиците од домашната библиотека, старите тегли или големи шолји може да ги употребите како саксии… Ако имате доволно високи тавани, тоагш растенијата мошете да ги поставите на јажиња и тие да висат во просторот. Во некој агол од дневната поставете клуб масичка на која ќе наредите само цвеќиња и ќе создадете зелено катче во домот. Доколку пак не сакате да го пренатрупате просторот, одберете само едно големо собно цвеќе и поставете го во близина на гарнитурата за седење.