ЖивотУбави совети

Какви се жените во брак според хороскопот?

Кога станува збор за стапување во врска или брак, многу луѓе се потпираат на астрологијата. Што вели хороскопот кога во прашање се жените? Какви се женските припаднички на хороскопските знаци во брак?

ОВЕН

Жената Овен е амбициозна. Во бракот покажува голема љубомора. Од својот сопруг бара посветеност и верност, иако и самата понекогаш знае да биде склона кон авантури поради нејзиниот силен нагласен ерос. Но, и покрај тоа знае да биде добар брачен партнер и да има разбирање за сопругот.

БИК

Жената Бик е добра сопруга, посветена мајка и вредна домаќинка. Таа обожава да создава за мажот и децата и е една од најдобрите знаци за избор на брачна партнерка. Како и за мажот Бик, и за неа домот е свето место во кое секој член на семејството треба да биде среќен и спокоен. Таа е пожртвувана мајка и прекрасна сопруга иако понекогаш знае да изненади со некој љубоморен испад.

БЛИЗНАЦИ

Жената Близнаци е критична и на секој маж би му нашла по некоја маана. Во брачниот живот, интелектуалната комуникација ја става и пред сексуалниот живот. На жените Близнаци им е важно да имаат со кого да разговараат за важни теми. Не е склона кон домашните обврски, но го мрази нередот и нечистотијата. Како мајка, знае да биде супер забавна.

РАК

Жената Рак е премногу емотивна. Како брачен другар е најпосветена од сите други хороскопски знаци. Го сака бракот и децата и без нив нејзиниот живот би немал смисла. Од нејзиниот партнер очекува цврст став, силен карактер и желба да се жртвува за доброто на своите деца.

ЛАВ

Жената Лав може да биде идеална сопруга и мајка доколку го најде вистинскиот за неа. Во спротивно, ќе биде склона кон врски надвор од бракот. Знае да делува студено, а од сопругот очекува многу, што понекогаш знае да создаде проблеми во комуникацијата. Но, доколку сето тоа го добие, таа е грижлива сопруга и мајка.

ДЕВИЦА

Жената родена во знакот на Девица  е верна во брачната заедница и би направила се за да ја сочува. Како мајка и сопруга е разумна, практична и има решение за секој проблем. Тежнее секогаш во домот да има хармонија. Ретко кога повишува тон и покажува агресивност.

ВАГА

Жената Вага знае да биде доста чувстителна и понекогаш да му оди на нерви на својот сопруг. Вагите се доста пребирливи и тежнеат да ја најдат најдобрата прилика за себе. Доколку го направат тоа и најдат човек кој потполно ги исполнува нивните критериуми за сопруг, тогаш остваруваат хармонична брачна заедница полна со љубов, толернација и разбирање.

СКОРПИЈА

Скорпиите во брак се одлични пријатели, страсни љубовници и мајки кои би направиле ама баш се за своите деца. Умее секојдневно да го освојува сопругот со својата магнетска привлечност. Сака да биде доминатна во бракот што понекогаш создава конфликтни ситуации. Но, тоа може да се занемари поради нејзината искреност и упорност.

СТРЕЛЕЦ

Бараат максимална верност од партнерот, иако не се сигурни дали самите може да ја дадат. Од друга страна, знае да се носи со проблемите и е посветена мајка и сопруга која секогаш знае да ги ислуша децата и сопругот. Не покажува некој особен интерес кон домаќинските работи и верува дека нема спомени од чистење и готвење и времето наменето за тоа сака да го поминува во природа создавајќи спомени со сопругот и децата.

ЈАРЕЦ

Тие се интровертни, па често се несфатени од партнерите. Не сакаат претерани изливи на емоции, но, искрено го љубат партнерот иако не умеат секогаш да го покажат тоа. Во бракот се верни, вешти во кујната и пожртвувани мајки. Жената Јарец во никој случај не би ја прекинала брачната заедница, дури и ако сопругот ја изневери.

ВОДОЛИЈА

Жените Водолии се предаваат целосно само ако почувствуваат дека се максимално сакани од страна на своите партнери. Умеат да бидат флексибилни, но понекогаш преминуваат во сенка на партнерот, само за тој да биде задоволен. Имаат цврст карактер кој им помага да ги надминат брачните кризи и да ја одржат заедницата во живот. Мислат дека брачниот живот без деца би бил несреќен.

РИБИ

Жената Риби е чувствителна и бара токму таков партнер кој ќе го разбере тоа и ќе и биде рамо за плачење. Таа не е груба и во никој случај нен би издржала долго со силен и агресивен маж. Од мажот бара пожртвуваност и многу љубов. Како мајка, знае да биде несигурна за одлуките во врска со нејзините деца и често ги преиспитува.

 

 

Поврзани статии

Back to top button