Убави книги и филмови

Книги кои ќе го освојат вашето срце

Предлог три книги за убав ден. Книги кои ќе го освојат вашето срце уште на првата стараница.

Искра надеж (Џулијан Меклејн) Неверојатен роман за љубовта, загубата и храброста на една жена за време на војната. По уништувачкото предавство од саканиот, Џилијан Гибонс заминува во својот семеен дом бидејќи има ужасна потреба за бегство од реалноста. Но тогаш таму наоѓа стара фотографија од нејзината баба во прегратките на нацистички офицер и нејзиниот живот станува уште покомплициран. Заинтригирана од новото откритие, Џилијан се обидува да ја открие вистината која стои зад фотографијата, па тргнува на епско патување низ минатото. 1939 година: Aнглија се наоѓа на раб на војна додека Вивијан се вљубува во згоден британски војник, но кога започнува одекнувањето на бомбите и прекрасниот живот на Вивијан е уништен за секунда, таа прави сè за да ги заштити своите сакани. Како што Џилијан дознава повеќе за својата баба, така старата фотографија сè повеќе добива смисла. Но на секое одговорено прашање, се отвора ново. Соочена со неочекуваната вистина, Џилијан се обидува да го расветли не само мистериозното минато на нејзиното семејство, туку и својата иднина. Оваа безвременска, мултигенерациска сага е срцепарателен сведок за борбата на една жена да преживее, совршена за сите кои ја обожаваат ,,Славејот“од Кристин Хана.

Што знае ветрот (Ејми Хармон) Ен Галахер растела воодушевена и маѓепсана од приказните за Ирска на нејзиниот дедо. Скршена од неговата смрт, таа заминува во неговиот дом од детството за да ја истури неговата пепел таму. Но, совладана од спомените од човекот што го обожавала и проголтана од историја што никогаш не ја знаела, таа патува во друго време. Но Ирска во 1921 година е опасно време, на раб на војна. А Ен се буди токму таму, во тоа опасно време, повредена и дезориентирана. За неа се грижи доктор Томас Смит, старател на едно младо момче кое за чудо ѝ е познато од некаде. Кога ја помешуваат со одамна исчезнатата мајка на момчето, Ен го присвојува нејзиниот идентитет, убедена дека исчезнувањето на жената е некако поврзано со нејзиното. Кога тензијата расте, Томас се приклучува на ирскиот отпор за независност, а и Ен се вмешува во конфликт покрај него. Распната помеѓу историјата и своето срце, таа мора да одлучи дали е подготвена да се откаже од својот стар живот за нов живот со љубов каква што мислела дека никогаш нема да пронајде. Но, на крајот, не се знае дали тој избор воопшто е во нејзини раце…

Ноќно пливање (Меган Голдин) Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и ослободува невин човек од затвор, Рејчел Крол станува општо познато име и последна надеж за илјадниците луѓе кои бараат правда. Но таа е навикната сите да го препознаваат нејзиниот глас, а не нејзиното лице. Затоа се вознемирува кога наоѓа порака на шофершајбната на нејзината кола, адресирана до неа, со молба за помош. Во малиот град Неаполис се води ужасно судење за силување. Еден од милениците на градот, пливач со потенцијал да стане олимпиец, е обвинет за силување средношколка, саканата внука на полициски началник. Рејчел е под притисок да направи успешна трета сезона од подкастот, па се впушта во интервјуирање и испрашување – но мистериозните писма и понатаму се појавуваат на неочекувани места. Некој ја следи и нема намера да престане додека Рејчел не открие што се случило со нејзината сестра пред дваесет и пет години. Наводно, Џени Стилс трагично се удавила, но девојката од писмата тврди дека нејзината сестра била убиена, а кога Рејчел почнува да поставува прашања за Џени, никој не сака да одговори. Минатото и сегашноста почнуваат да се судираат кога Рејчел открива вознемирувачки поврзаности меѓу двата случаи, кои имаат моќ да го сменат текот на судењето, а и животите на сите инволвирани. Може ли еден мал град да ги поправи грешките од минатото? Да се искупи за прикриените гревови? И што навистина се случило со Џени?

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button