ДомУбави совети

Три правила за хармоничен дом!

Дом кој е неорганизиран и полн со натрупани работи создава чувство на тага, негативност и непродуктивност.

Дури и ако тоа се само неколку неизмиени садови во мијалникот: вие постојано ги гледате и тие почнуваат да ве вознемируваат. Исто така, влијае на нашата потсвест и нè прави нервозни и негативни.

Ние ви подготвивме неколку едноставни правила кои ќе ви помогнат да го внесете многу потребениот мир во вашиот дом.

Едноставни правила
1. Отстранете ги непотребните ситници од масата
Маса за кафе, трпезариска маса, клуб масичка… овие рамни површини се идеални за натрупување работи, и овој неред создава непродуктивност. На крајот на денот, не оставајте ништо на масата во трпезаријата. Оставете го просторот да „дише“ и веднаш ќе ја почувствувате разликата.

2. Сè на свое место
Најдобар начин да внесете мир во вашиот дом е да бидете сигурни дека сè има свое место. Ако не ги ставате работите на свое место, многу е веројатно дека ќе има непотребен неред во текот на денот, а нередот во куќата исто така носи неред во вашиот ум. Покрај тоа, ако ставите сè на свое место, нема да морате да раскревате ништо на крајот на денот и ќе одите во кревет побрзо и поспокојно.

3. Повикајте ја природата за помош
Домашните растенија, природните материјали и сините и зелените тонови се правило број 1 за создавање храмнија во домот. Природните растенија, оние што растат, создаваат чувство на мир и ја намалуваат нервозата и напнатоста.

Поврзани статии

Back to top button