ЖивотУбави совети

На кои жени не може да им се одолее?

На жените родени во знакот на Бик, Близнаци и Јарец е тешко да им се одолее и скоро сите мажи паѓаат на нивниот шарм, па затоа им е многу полесно да најдат партнер.

Еве зошто е тоа така:

Бик
Нема маж кој може да одолее на нејзиниот шарм, убавина и сила. Оваа жена е секогаш најгласната личност во собата. Таа привлекува мажи со својата духовитост и има силни лидерски способности, поради што е склона кон организација и контрола. Таа и внатрешно и надворешно е убава, умна и привлечна.

Близнаци
Жената во овој хороскопски знак има традиционална убавина што обично можете да ја видите само во стари филмови и секогаш се однесува како вистинска дама. Таа умее многу добро да ги прочита луѓето, затоа не обидувајте се да им „продавате“ приказни затоа што нема да ги „купат“. Жените родени во овој хороскопски знак имаат неверојатни очи, па кога ќе ги погледнете нема да можете да им одолеете – веднаш ќе се заљубите во неа.

Јарец
Таа не сака едноноќни шеми, па затоа никогаш нема да биде со некого само за краткотрајно задоволство. Дамите во овој знак повеќе би сакале да останат сами отколку да се задоволуваат со помалку од заслуженото. Тие се интелигентни, па кога зборувате со нив, тоа ќе биде интересно и ќе научите работи што не сте ги знаеле порано. Тие сакаат мажи кои имаат нешто паметно да кажат. Тие знаат дека изгледот може да се промени, но начинот на размислување на мажот нема да се промени толку лесно. Тие се силни и секогаш ги постигнуваат своите цели, без оглед колку време им е потребно за да го сторат тоа. Овие жени никогаш не би биле во насилна или токсична врска затоа што тие се ценат доволно за да не дозволат маж да ги контролира.

Поврзани статии

Back to top button