ЖивотУбави совети

За љубов, пари и среќа – три растенија кои треба да ги имате во домот!

Украсувањето на домот е омилена активност на многу жени! Иако дизајнерите на ентериер тврдат дека личниот печат и идејата се клучни за украсување на просторот во кој живееме нашето семејство и ние, Фенг Шуи дава неколку упатства и правила за украсување на домот.

Според Фенг Шуи со поставување на овие три растенија во домот ќе привлечете љубов, пари и среќа.

Бамбус – Бамбусот е идеално растение според многу критериуми. Како прво, лесно е да се одржува, а мајсторите за Фенг Шуи веруваат дека привлекува позитивна енергија. Извртената верзија на дрвото бамбус привлекува успех, а за среќна љубов и стабилен брак, треба да имате две бамбус дрвца и да ги ставите во една вазна. За повеќе успех и пари во куќата, чувајте и одгледувајте непарен број бамбуси, идеално 3 или 9 бамбуси. Најдобра позиција за нивно чување и одгледување е левиот дел од куќата, најоддалечениот од влезната врата.

Орхидеја – Ова е волшебен цвет, кој се користи во Фенг Шуи за да се најде нова љубов. Ако сте осамени, купете орхидеја и чувајте ја во спалната соба, би било идеално да ја чувате на ноќната масичка покрај креветот.

Златен бршлен – Ова украсно растение совршено се вклопува во секој дом, а златниот бршлен е совршен за одбивање на негативната енергија. Мртов агол во куќата или празни полици се идеално катче за златен бршлен кој ќе ја отфрла целата негативна енергија од домот и ќе привлекува позитивна енергија. Одлично е и за привлекување на пари.

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button