Бидете член од оваа група во која постојано се наградува и се споделуваат супер вкусни рецепти!
Фејсбук групата Храна и Рецепти постои неколку години, но откако на чело на групата застана тим од неколкумина администратори, групата од 1.200 членови за неколку месеци почна да брои околу 13.500 членови.
Целта на тимот на администратори е преку оваа група да ги зближува луѓето кои разменуваат рецепти, приготвуваат најразлични јадења и ги покажуваат своите кулинарски вештини. Групата, покрај тоа што постои на Facebook, од летоска достапна е и на Instagram. https://instagram.com/hranaireceptii?igshid=17xs66ieyzllq Најинтересните рецепти на членовите се објавуваат и на Instagram профилот при што се означуваат членовите кои ги објавиле рецептите. Интересно е да се напомене дека во групата се објавуваат рецепти за приготвување на пити, торти, колачи, храна со месо, морска храна итн.
Секоја недела се организираат наградни игри во кои што учествуваат поголем дел од членовите на групата и преку random picker се бира среќниот добитник. Неретко админите се среќаваат со добитниците кои восхитени ги примаат наградите што ги доделува групата.
Групата Храна и Рецепти има и свои пријатели и спонзори односно брендови коишто се добри познати на пазарот. Групата Храна и Рецепти и во иднина ќе прави многу интересни изненадувања и наградни игри за своите членови, се со цел за да се прошири групата и да им се овозможи на сите оние кои убаво готват и се дел од нашата група, доколку учествуваат во наградните игри да добијат прекрасни подароци.