ЖивотУбави совети

Топла солена торта – супер идеја за денешниот ручек!

Немате идеја што вкусно и здраво да ручате денес? Ние имаме супер интересен предлог за вас – Топла солена торта со зелечнук!

Потребни состојки: 6 дебели палачинки, 2 модри домати, 3 тиквички, 250гр сирење, 3 морковчиња, пола китка магдонос, 5 листови босилек, 2дл сос од домати, 3 лажици маслиново масло и сол.

Подготовка: Измијте ги тиквичките, модрите домати и морковите. Исечете ги по должина на тенки парчиња . Зачинете ги со сол и со две лажици масло и оставете ги да отстојат 15 минути. На правоаголна тава попрскајте малку масло, а потоа ставете една палачинка. Врз палачинката попрскате исрендано сирење па наредете дел од зеленчукот. Редете, ред палачинка, ред сирење и ред зеленчук. Попрскувајте ја секоја палачинка со сечкан магдонос и сечкан босилек. Покријте ја солената торта со последната палачинка одозгора. Во загреана рерна печете околу 10 минути, додека не се зарумени.

Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button