ЖивотУбави совети

Здрави грицки за оние кои внимаваат на килограмите

Овие крекери може да се јадат за ужина, да се послужат како закуска. Ви предлагаме да ги испробате за појадок, во комбинација со ајвар.

Потребни состојки:

1 грст сецкани бадеми
3 полни лажици семе од чиа
3 лажици семе од лен (уште подобро ако имате мелен лен)
70 гр брашно
1/2 лажиче сол
1 лажица сусам
40 гр сончоглед
3 лажици маслиново масло
200 мл вода

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во сад, а потоа оставете ја смесата да отстои околу 30 минути. Смесата ќе биде првично течна, но после почовина час ќе се апсорбира целата течност. По стоењето, префрлете ја на хартија за печење и печете околу 30 минути на 200 степени (внимавајте да не ја препечете). Потоа сечете форми по своја желба или едноставно искршете ја испечената кора со рака.

Поврзани статии

Back to top button