ЖивотУбави совети

Брза и вкусна торта со јафа и портокал!

Дали има нешто подобро од комбинација на чоколадо и портокал? Тоа зависи од вкусот, но без разлика што претпочитате, ќе се согласите дека судирот на слатко и кисело е вистинскиот подарок за сите сетила. Кога на тоа ќе се додаде сочна кора, сите критериуми за врвен десерт се исполнети.

Домашната торта од јафа сигурно ќе ви се допадне, но внимавајте дека има и една мана. Оваа торта ќе ве примами да ја јадете повторно и повторно, па затоа е најдобро однапред да ја одредите количината што ќе ја изедете.

Состојки:

Кора:

1 јајце

10 лажици шеќер

12 лажици масло

12 лажици млеко

12 лажици брашно

1/2 прашок за пециво

Фил:

150 гр шеќер

1 чаша вода

1 замрзнат портокал (изрендајте го со кора веднаш штом ќе го извадите од замрзнувач)

3 лажици џем од кајсија

Глазура:

100 гр црно чоколадо со што поголем процент какао

малку путер да се стопи чоколадото

Измешајте ги сите состојки за кората и истурете во поголема тава. Печете околу четириесет минути, на средна температура, а потоа проверете со чепкалка дали тестото е подготвено (ако тестото се лепи за чепкалката, тоа значи дека не е доволно печено). Кога ќе ја испечете кората, исечете ја целата површина (ширина 2 см), и ставете ги трошките во посебен сад.

Филот направете го со вртење вода и шеќер, па оставете го да се излади. Потоа додадете рендан портокал, три лажици џем од кајсија и трошки од исечена кора. Распоредете го филот рамномерно над површината на тортата.

Прелијте со растопеното чоколадо и почекајте да се зацврсти. Добро изладената торта послужете ја со свеж сок од портокал. Пријатно!

Поврзани статии

Back to top button