ЖивотУбави совети
Овие пијалоци ќе ве заштитат од настинки и други инфекции
Имунитетот е способност на нашето тело да се спротивстави и да се одбрани од вируси, бактерии, габи, токсини, со еден збор, болести. Како можеме да го зајакнеме? Соодветната исхрана е клучна за одржување на здрав и силен имунолошки систем. Зајакнете го вашиот имунитет со јадење многу овошје и зеленчук, протеини со малку маснотии, интегрални житарици и пиење многу вода.
Започнете го денот со чаша млака вода со лимон, а потоа зајакнете го имунитетот со некои од овие пијалоци:
Смути од цвекло, морков, јаболко и мед.
Зајакнете го имунитетот со чај од ѓумбир. Може да го подготвите со свеж или со ѓумбир во прав.
Пилешка супа како лек. Наместо обилна вечера подгответе домашна пилешка супа.