ЖивотУбави совети

Брз и лесен рецепт за соленки со сусам!

Дали ви е досадно дома, дали сакате да го израдувате вашето семејство или едноставно ви се грицка нешто? Имаме предлог за вас – стапчиња од сусам.

Потребни состојки:

1 маргарин
500 гр брашно
2 цели јајца
1 свеж квасец
5 лажички млако млеко
2 лажички шеќер

Млако млеко ставете во сад и измешајте го заедно со квасец, шеќер и малку сол. Оставете неколку минути да нарасне квасецот. Сето ова измешајте го со подготвеното брашно и јајцата и замесете мазно тесто. Тестото развлечете го да добиете кора со дебелина 1 см и исечете ленти, премачкајте со изматена жолчка и посипете сусам или крупна сол. Соленките се редат во тава обложена со хартија за печење и се печат на 180 степени додека не поруменат.

Поврзани статии

Back to top button