Брз рецепт за витаминска салата со сардини и тиквички
Салата која може да замени оброк, салата со риба и зеленчук!
Потребни состојки: 2 тиквички, 500гр сардини, 1 мала главица кромид, пола црвена зелка, 1 лажица исечкан магдонос, 2 лажици оцет, 8 лажици масло, сок од 2 лимони, сол и црн пипер.
Измијте ги сардините, исчистете ги и ставете ги во еден поголем сад. На дното со сардините наредете го и исечканиот кромид. Додајте го маслото, сокот од лимоните, оцетот, магдоносот, солта и црниот пипер. Поклопете го садот и ставете го во фрижидер да се маринираат рибите околу 2 часа. Измијте ги тиквичките, излупете ги и исечете ги на тенки ленти. Варете ги кратко време во зовриена солена вода, исцедете ги и ставете ги врз крпа да се исушат. Исечкајте ја црвената зелка. Во длабока чинија за сервирање измешајте го зеленчукот заедно со рибата и кромидот. Полијте со сок од лимон и позлужете. На здравје.