ЖивотУбави совети
Вкусна идеја за денешниот ручек
Денес подгответе вкусни, лесни и здрави ќофтиња со ориз и зеленчук!
Потребни состојки: 650гр ориз, 2 тиквички, 1 кромид, 1 јајце 1 модар патлиџан, путер, сол, масло и црн пипер.
Исчистете ги модриот патлиџан и тиквичките, па изрендајте ги. Сатевете ги во еден сад и полијте ги со масло. Потоа на зеленчукот додајте го исечканиот кромид. Сварете го оризот со малку шафран, исцедете го и оставете го да се олади. Потоа од него и од изренданиот зеленчук направете ќофтиња со додавање на едно јајца. Пржете ги ќофтињата на врел путер.