Кокосови топчиња во сос од малини!
За денес одбравме вкусен и несекојденевен рецепт за љубителите на слаткиот залак. Кокосови топчиња во сос од малини, звучи вкусно и неодоливо, нели?!
Потребни состојки: 500гр сирење, 2 жолчки, 50гр путер, рендана кора од половина портокал, 50гр шеќер, 60гр изронет бел леб, сол, 100гр кокосово брашно, 300гр малини и 3 лажици шеќер во прав.
Сирењето измешајте го со жолчките, путерот, кората од портокал, шеќерпт, изронетиот леб и 2 лажици кокосово брашно. Со влажни раце од оваа смеса обликувајте топчиња и спуштајте ги во солена вода, која сте ја ставиле на оган и варете ги од 5 до 8 минути. Направете пире од малините. Исцедете ги низ цедалка кокосовите топчиња па извалкајте ги во шеќер во прав па во кокосово брашно и послужете ги со сосот од малини.
Добар апетит!