ЖивотУбави совети

Јадете секој ден по еден домат

Совет за купување на домати: Доматите треба да бидат цврсти, но не многу тврди и тешки за својата големина. Не ги притискајте премногу, само нежен притисок со прстот ќе биде доволен да одредите дали се добри. Одбирајте ги доматите со светла до темноцрвена боја, во зависност од тоа како ќе ги употребите.

Доматите никогаш не ги чувајте во фрижидер, бидејќи ќе ја загуват не само нутритивната вредност туку и вкусот. Чувајте ги на собрна температура.

Нутриционистички факти: Еден средно голем домат содржи 35 калории, 0,5 гр масти, 0 гр заситени масти, 0 мг холестерол, 5 мг натриум, 7 гр јаглехидрати, 1 гр растителни влакна, 4 гр шеќери и 1 гр протеини. Тој е добар извор на витамин Ц (40%), како и на витамин А (20%), калиум (10%), калциум (2%), железо (2%), фолна киселина, бетакаротин и витамин Б.

Поради своите нутриционистички вредности, доматите можат да го намалат ризикот од рак (поради присуството на ликопен), коронарни срцеви болести и хипертензија. Доколку имате проблеми со кожата, еден домат дневно може да ви помогне бидејќи томатинот лечи одредени габични инфекции.

 

Поврзани статии

Back to top button