ЖивотУбави совети

Лек за оние кои пушеле или се уште пушат цигари!

Консумирањето риба помага во “поправање” на некои последици што на телото ги остава пушењето, велат ирските лекари од болницата Бомонт во Даблин.

Истражувањето покажало дека аминокиселините од рибите го спречуваат стврднувањето на артериите и така го намалуваат бројот на смртните случаи предизвикани од болестите на срцето или од мозочните удари.

Пушењето е водечки фактор што го оневозможува нормалното растегнување на артериите или за атеросклероза.

Користејки ултразвук, ирските лекари утврдиле дека артериите на пушачите немале способност за нормално растегнување се додека испитаниците не консумирале одредено количество рибји аминокиселини (таурин). Слично, но поблаго дејство имал Витаминот Ц.

Лекарите напоменуваат дека сепак најдобар лек за пушачите е да престанат да пушат.

Поврзани статии

Back to top button