Брз и лесен рецепт за тробоен куглоф!
Подгответе сладок куглоф на брз и едностваен начин.
Потребни состојки: 6 јајаца
За прв дел: 1 ванилин шеќер, 6 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 12 лажици млеко, 1 прашок за печиво и 6 лажици масло.
За втор дел: 1 лажица какао
За трет дел: 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 4 лажици масло, 1/2 кесичка прашок за печиво, 3 лажици сечкани ореви, 10 зелени смокви од слатко и 1 лажица алкохолен оцет.
Започнуваме со подготовката на првиот дел. Во сад за матење кршиме две јајца. Преостанатите 4 јајаца ги кршиме и само жолчките ги додаваме во садот за матење. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер. Ги додаваме брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, маслото и мелкото и мешаме со лажица се додека смесата не се соедини. Половина од смесата ја нанесуваме во калап за куглоф кој пред тоа сме го намастиле со масло и попрскале со брашно. Го ставаме калапот во рерна и печеме 10 минути на 200 степени.
Го подготвуваме вториот дел. Во преостанатата смеса во садот за матење го додаваме какаото и мешаме со лажица.
Започнуваме со подготовка на третиот дел. Со миксер ги матиме 4те белки, ги додаваме шеќерот и оцетот. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Ги додаваме прашокот за пециво, маслото, брашното и оревите. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Смоквите ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во смесата.
Го вадиме калапот од рерна и врз првиот дел го нанесуваме вториот дел со какаото. Го враќаме калапот во рерна и печеме на иста температура уште 10 минути. Потоа го додаваме и третиот дел од смесата па печеме уште 15 минути.
Наздравје!